фото: Фејсбук

Не долго по масакрот во Цетиње, во кој се убиени 11 лица, се огласи и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

– Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње – напиша тој на Телеграм.

РТЦГ неофицијално дознава дека Абазовиќ, заедно со министри од Владата, ќе ги посети ранетите кои се хоспитализирани.

Единаесет лица се убиени и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње, а црногорската полиција го уби напаѓачот.

Црногорскиот јавен радиодифузер јавува дека на трагедијата ѝ претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката со полицајците е убиен.