Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ повторно ја обвини Српската православна црква (СПЦ) дека е, како што рече, единствена прекугранична инфраструктура на српскиот национализам.

Ѓукановиќ за словенечко „Дело“ тврди дека станува збор за инструментализација на верска заедница за уништување на суверенитетот на соседните земји со цел да се реализира проектот за голема Србија, овојпат под слоганот „српски свет“, пренесува порталот ЦДМ.

Претседателот на Црна Гора верува дека во 90 -тите години српскиот национализам промовирал идеја за сите Срби во една држава, а дека денес, наместо тоа, постои слоганот „српски свет“ и дека тоа е всушност иста цел во различна зборовна форма.

Ѓукановиќ смета дека големосрпскиот национализам ги загубил упориштата во Хрватска и Косово но, како што изјави, му остануваат уште Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина.