Државните органи на Црна Гора, и покрај ставот на илјадници граѓани и сè помасовните протестни литии, почнаа со примена на Законот за слобода на вероисповед, пренесува „Вечерње новости“.

Не чекајќи го најавениот експертски дијалог на правните тимови од Митрополијата црногорско-приморска и владата на Црна Гора на тема спорните делови од законот кој ја дискриминира Српската православна црква, во Управата за имоти почнала да пристига документација за статусот на верските објекти во Даниловград, Никшиќ и Гусиње.

Овие акти се однесуваат на манастирите Острог и Ждребаоник, како и на други храмови и црковни добра.

Адвокатот на митрополијата, Далибор Квариќ, вели дека владината приказна за дијалог е измама за во туѓина да го спроведат законот, подготвувајќи документација и доставувајќи ја до надлежните органи.