Педофилот Нинослав Јовановиќ е во бегство веќе тринаесетти ден, а интензивното пребарување од страна на српската полиција не запрело ниту за новогодишите празници, наведуваат српските медиуми. Според нив, киднаперот добро ги смислил најкратките патеки низ шумата и покрај пругата каде бегал, тој знаел кои куќи се напуштени и каде може да се скрие и затоа не било лесно да го фатат.

Малата Моника којашто тој ја киднапирал и девет дена ја држел во заложништво, беше пронајдена пред неколку дена во селото Пасјача. Од моментот кога е пронајдено девојчето, излезите од сите села околу Пасјача биле блокирани, бројни патроли постојано се на терен, кој е надлетуван и од хеликоптери. „Малчанскиот бербер“ се препоставува дека е вооружен. Полицијата изврши претрес во селото Јасеновиќ, но не го пронајде.

Од завчера, потрагата по педофилот се фокусирала на неговиот роден град Малча кај Ниш. На теренот има уште околу 500 полицајци и, според најавата на полицискиот директор Владимир Ребиќ, тој број нема да се намали додека не се фати сторителот. Покрај полициските патроли, полиција има и во Малча.

На социјалните мрежи се појавија снимина кои наводно е прикажан киндаперот на Моника Каримановиќ, Нинолав Јовановиќ, познат како „малчанскиот бербер“ кој бега од полицијата, а заедно со снимката објавено е дека и тој е уапсен, но според наводите на српски Телеграф се работи за лажни информации.

Постојат неколку снимки кои не се разликуваат многу, а наводно направени се со термовизиски камери. На нив се гледа човечка силуета како иде од куќа до куќа, како да се обидува да се скрие. Па бидејќи не наоѓа засолниште во нив, се дава во бегство низ шумата. Во еден момент, човекот легнува на земја, а потоа станува и ги крева рацете како да се предава.

Откако „малчанскиот бербер“ ја ослободи Моника и побегна, девојчето е сместено на детското одделение во клиничкиот центар во Ниш.Обезбедувањето на клиниката и полицијата водат сметка никој освен мајката и докротите нема пристап до девојчето. Мајката е цело време со девојчето, а според локалните медиуми, Моника е комуникативна и нејзината психофизичка состојба е добра. Ходниците на спратот на кој се наоѓа Моника се празни и никој освен мајката не смее да ја посети, па медиумите пишуваат дека таа била малку тажна поради тоа.

Моника дала исказ пред полицијата во присуство на адвокат и објаснила што се случувало за време на киднапирањето.