На српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, не му бил дозволен влез во Косово и Метохија.

Вулин, со делегација на военото здравство, требало да го посетат Клиничкиот центар во Косовска Митровица.

– Во одговорот од Приштина е наведено дека не се во можност позитивно да одговорат на барањето, со што уште еднаш се покажа дека Рамуш Харадинај лаже – се наведува во соопштението од кабинетот на Вулин.

Се додава дека планиранта посета имала исклучително хуманитарен карактер.