Граничниот премин Евзони треба да биде отворен од денес, објави РТС. Сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен.

Иако беше кажано дека граѓаните на Србија кои сакаат да одат на море од денес, ќе можат да стигнат до Грција по пократок пат, преку нашата земја, фејсбук-групата Nikana.gr објави дека Евзони е повторно затворен.

– Само што добивме известување дека од овој момент граничниот премин Евзони е повторно затворен до понатамошно известување. Промахонас е отворен и ќе остане отворен – додаваат тие во соопштението.

Според неофицијалните информации, граничниот премин Евзони ќе биде затворен до 15 јули.