Фото: Илустрација

Албанската полиција на периферијата на селото Бреног, кај градот Хас, откри база за преработка на хероин, во два објекта кои претходно биле користели како штали за добиток.

Во акцијата, во која биле вклучени и припаднци на специјалната единица „Ренеа“ и онаа за брзи интервенции, како што јави агенцијата „Балкан веб“ се упасени пет лица и запленети се 100 килограми хероин и помала количина кокаин, како и опиум за прераборка на хероин.

Дрогата била пакувана во пакетчиња и подготвена за транспорт во патни торби.

Според полицијата базата и припаѓала на меѓународна мрежа за шверц со скапа дрога од Албанија кон земјите на Европската унија и била користена со години.

Истрагата за откривање на „фабриката за хероин“ почнала пред повеќе месеци, во соработка со полициите на други земји.

Преку соопштение полицијата упати апел за внимателост медиумите во информирањето, како и до жителите на селото, за да не се доведе во опасност нивниот и животите на припадниците на полицијата.