Зоран Милановиќ денеска ќе биде инаугуриран како претседател на Хрватска. Тој ќе ја наследи Колинда Грабар-Китаровиќ и ќе стане петтиот претседател на Хрватска.
Претседателската инаугурација ќе се одржи на Пантовчак во 12 часот, место на Марков плоштад како што беше обичај досега и со најмал број гости.
На свеченоста се повикани 43 лица во три категории – функционери, вклучително и двајца поранешни претседатели Стјепан Месиќ и Иво Јосиповиќ. Претходно беше објавено дека инаугурацијата ќе започне со изведбата на хрватската химна испеана од Јосипа Лисац.
Милановиќ беше избран на функцијата на петти јануари 2020 година, откако во вториот круг од претседателските избори ја победи актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.