Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора, откако освои 180.274 гласа или 53,9 проценти на вчерашните претседателски избори, соопшти денеска црногорската Државната изборна комисија.
Според конечните изборни резултати, главниот противкандидат на Ѓукановиќ, Младен Бојаниќ, кого го поддржаа поголемиот дел од опозициските партии, освоил 111.711 гласови или 33,4 отсто.
Кандидатката на опозициската Социјалдемократска партија Драгиња Вуксановиќ освоила 27.441 гласа или 8,2 проценти.
Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Тана де Зулуета изјави денеска дека претседателските избори во Црна Гора протекле мирно со „неколку процедурални неправилности“.