Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово го отвори новиот гасовод кој низ Србија поминува од бугарската до унгарската граница.
– Ова за нас е голема и важна работа. Досега грешевме што скапо наплаќавме приклучок па луѓето користеа цврсти горива наместо гас кој е почист – изјави Вучиќ и додаде дека гасот со секундарна мрежа треба да стигне до многу места ширум Србија.
– Ова е важен ден за нас и нашата земја, гасот нека тргне и да бидеме уште поуспешни. Да живее Србија и пријателството помеѓу Србија и Русија – порача тој.
Како што известувааат српските медиуми набавната цена на гасот преку овој гасовод е до 155 долари, со многу пониски трошоци за транспорт отколку преку другиот гасовод преку кој досега се снабдуваат.