Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин засега не е добредојден во Хрватска.
– Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испрати протестна нота до Амбасадата на Република Србија во Загреб, осудувајќи ја изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, во која тврди дека за неговото доаѓање во Хрватска може да одлучи врховниот командант на Војската на Србија, господин Александар Вучиќ, а не да одлучуваат хрватските министри. Поради таквата изјава тој засега не е добредојден во Република Хрватска – се наведува во соопштението.
Хрватското Министерство во нотата потсетува дека Хрватска е суверена држава, членка на ЕУ и НАТО, каде за влез на странци одлучуваат единствено надлежните хрватски институции, согласно хрватските закони.