Невреме проследено со грмежи синоќа во два наврати го погоди главниот град на Република Србија – Белград. Според тамошните медиуми, улиците на главниот град се поплавени од обилниот дожд кој паднал.
Граѓаните споделија снимките на социјалните мрежи во неверување. Како што може да се види на снимките, автомобилите во некои делови буквално „пливале“ во вода.
Поради големата количина на врнежи, во застој е трамвајот и тролејбускиот сообраќај, а отежнат е и јавниот автобски превоз.
Најмногу погоден бил стариот дел на градот, како и центарот на градот. Невремето го зафатило и Нов Белград и го поплавило целиот град.
Beograd na vodi… pic.twitter.com/FCLZdlsUFG
— Mrs MS (@SanchiMS) June 8, 2020