Стадионот на Тампа Беј Рејс, познат како Тропикана Филд, остана без покрив за време на налетот на ураганот Милтон што ја погоди Флорида во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот.Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека покривот на стадионот, кој беше отворен во 1990 година, е целосно урнат. За среќа нема жртви.
За јачината на ветрот што го зафати ова подрачје зборува и податокот дека покривот на полето Тропикана е направен така што може да издржи брзина на ветер од 185 километри на час.
Дека покривот на оваа зграда немал ни теоретски шанси да преживее, говори и податокот дека во моментот кога удрил во заливот Тампа, ветерот на ураганот Милтон дувал со брзина меѓу 200 и 250 километри на час.
Now that the sun is up, here’s a 360-degree view of the damage Hurricane Milton caused to Tropicana Field’s roof and the inside of the ballpark. Absolutely heartbreaking 💔 pic.twitter.com/ZCtPHv6rE9
— Ryan Bass (@Ry_Bass) October 10, 2024