Соединетите Американски Држави се обврзуваат да ѝ обезбедат поддршка на Украина до 2030 година и да го олеснат нејзиниот влез во Европската Унија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврдеше дека ќе може да преговара за крај на оваа војна по преземањето на функцијата претседател на САД. Очигледно плановите ги остварува, интензивно работејќи на планот за „запирање на украинско-руската војна“ во рок од сто дена
Британски и украински медиуми пишуваат за конкретен мировен план за руско-украинскиот судир
Според текстот објавен во британскиот медиум „Дејли мејл“, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се обиде со конкретен план и чекори да влијае врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, за тој да се согласи да има „прекин на огнот во украинско-рускиот судир до Велигден“.
Втората информација во врска со прекин на огнот во Украина беше лиферувана и за „постоење некакви контури за мировен план“, кои беа објавени и во украинскиот весник „Страна“. Според медиумот, точките од мировниот план циркулирале и во „политичките и дипломатските кругови“ во Украина.
Имено, според лиферуваните информации во весникот „Страна“, мировниот план вклучува прекин на огнот до 20 април, а потоа замрзнување на континуираното напредување на Русија, но планот исто така содржи и клаузули што предвидуваат „забрана за пристапување на Украина во НАТО“ , како и барање „Киев да го прифати рускиот суверенитет над анектираните региони“.
Се тврди дека главен иницијатор за почеток на мировниот процес треба да биде конкретниот телефонски разговор меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, кој се планира да се реализира кон крајот на февруари. Потоа, на почетокот на март, како втор чекор, предлогот е „да се сретнат лично Зеленски и Путин“, по што е планирана „меѓународна конференција за склучување договор под покровителство на САД“.
Текстот сугерира дека прекинот на огнот може да започне на 20 април, а до 9 мај страните мора да се договорат за параметрите за ставање крај на оружениот конфликт. Поентите на мировниот план, наводно, вклучуваат признавање од страна на Киев на новите руски граници што ги доби во војната, повлекување на украинските сили од рускиот регион Курск, неприемот на Украина во НАТО и нејзината нуклеарна неутралност.
![](https://novamakedonija.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot_1-2-696x572.jpg)
Вклучување британски војници во формираната демилитаризирана зона
Контингент од европски војници, во кој има предлог да се вклучат и британски трупи, би имал задача да ја надгледува формираната демилитаризирана зона.
За издвојување е дека во планот за обезбедување на демилитаризираната зона не би биле вклучени американските војници во воените контингенти на европските армии. Според пишувањата на германскиот аналитички центар „Маршалов фонд“, од ЕУ ќе биде побарано да ѝ помогне на Украина во нејзините напори за реконструкција, кои би можеле да чинат дури 486 милијарди долари во следната деценија.
Соединетите Американски Држави се обврзуваат да ѝ обезбедат поддршка на Украина до 2030 година и да го олеснат нејзиниот влез во Европската Унија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврдеше дека ќе може да преговара за крај на оваа војна по преземањето на функцијата претседател на САД. Очигледно плановите ги остварува, интензивно работејќи на планот за „запирање на украинско-руската војна“ во рок од сто дена. Р.С.
Клучната стратегиска точка Орехово-Васиљевка – под руска контрола
Руските сили во рамките на групата „Југ“ ја презеле контролата врз селото Орехово-Васиљевка во Донецката Народна Република (ДНР), кое претходно беше под контрола на украинската армија. Веста ја пренесоа повеќе светски медиуми.
– Единици од три механизирани бригади на вооружените сили на Украина беа погодени во областите на населените места Северск, Зализњанское, Мињковка, Часов Јар и Предтечино во Народна Република Донецк – се наведува во најновата информација за состојбите на фронтот во Донецката Народна Република (ДНР). Имено, на фронтот во Донецката Народна Република или „во зоната на операции на групата ’Југ’ на руската армија“ биле регистрирани жртви од околу 180 борци на украинската армија, се пренесува во информацијата. Населбата Орехово-Васиљевка се наоѓа северно од Артјомовск на т.н. Краматорск правец на фронтот. Р.С.