Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека светот треба да „го држи за збор“ претседателот на САД, Доналд Трамп дека негова цел е да се изнајде ново решение за нуклеарната закана од Иран.

Џонсон во обраќањето пред британските пратеници посочи дека сега САД треба да излезат со конкретни предлози за Иран. Тој додаде дека Велика Британија не планира да се откаже од Договорот за иранската нуклеарна програма.

– Одлуката на Трамп не прави разлика за британската проценка дека Договорот дејствува на запирање на нуклеарните амбиции на Иран, наведе Џонсон.

Трамп вчера објави дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и дека повторно се воведуваат санкции од „највисок степен“ кон Иран.