Две лица кои работеле за една хуманитарна организација се осудени на затворска казна поради, како што е пресудено во Иран, шпионажа за американската Централна разузнавачка агенција, објави портпаролот на иранското судство.

– Идентификувани се двајца шпиони на ЦИА кои работеа под плаштот на една добротворна организација, им беше судено и осудени се на казна затвор од 10 години за шпионажа и пет години за дејствување против националната безбедност – рече Голамхосеин Есмаили.

Есмаили додаде дека имињата на осудените лица ќе бидат објавени откако ќе заврши изрекувањето на пресудата, пренесе „Ројтерс“.