Во Елисејскиот дворец во Париз почна свечениот ручек чиј домаќин е претседателот на Франција Емануел Макрон, и на кој се поканети 130 светски лидери и високи функционери.

На главната маса, покрај Макрон, седат американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. На таа маса, меѓу другите, седат и израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, германската канцеларка Ангела Меркел, канадскиот премиер Џастин Тридо, мароканскиот крал Мохамед Шести, шпанскиот крал Фелипе Шести и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Во исто време, сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон, угости 40-тина сопружници на шефовите на држави и влади на ручек во Версајскиот дворец.

Француските медиуми наведуваат дека менито е исто на двата ручеци.

„Фигаро“ јавува дека Трамп на ручекот во Елисејскиот дворец стигнал со задоцнување, половина час после сите други.

На ручекот, покрај Трамп, доцнеле и Путин и Нетанјаху.