Два згради се урнаа денеска во западниот дел на Рио де Женеиро, по неколкудневните поројни дождови и поплави во кои загинаа десет лица.

Спасувачките служби потврдија дека се пронајдени две загинаи лица под урнатините.

– Две лица загинаа, други две се повредени, а спасувачите се уште бараат преживеани под урнатините – велат од спасувачките служби.

На бразилската телевизија Глобо се прикажани локалните жители, кои исто така бараат преживеани под урнатините.

Причината за несреќата сè уште не е јасна, но од канцеларијата на градоначалникот укажуваат на несоодветната изградба на двете четирикатници, во кои живееле најмалку четири семејства.

Поради лошата инфраструктура, уривање на згради не е реткост во посиромашните региони на Бразил.