Папата Франциск (84) денеска ја напушти болницата во Рим, каде имаше операција на дебелото црево пред 11 дена, објавија локалните медиуми.

Фотографите од пред болницата Џемели покажаа два автомобила придружени од безбедносната служба на Ватикан, како доаѓаат на страничниот излез нешто пред 11 часот, откако вработените во болницата ставија инвалидска количка во багажникот на едно од возилата, пренесува „Ројтерс“. Првиот од двата автомобила имаше затемнети стакла.

На 4 јули, на папата му беше отстранет дел од дебелото црево. Тој се појави во јавноста за првпат по операцијата во неделата, стоејќи околу 10 минути за време на говорот од балконот на болничката соба.