Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија при ОН (ИАЕА) неодамна предупреди дека неговите инспектори речиси не можат да „гарантираат“ дека имаат точни податоци за резервите на збогатен ураниум во Иран, што е сериозен аларм откако неговата посета на Техеран не даде резултати, пренесува АП. Зборовите на Рафаел Маријано Гроси остро се спротивставија на оптимистичкиот тон на неговите ирански домаќини. Тие го сигнализираа поцврстиот став на Иран во обновата на преговорите со светските сили за нуклеарниот договор. Инспекторите на ИАЕА и натаму немаат пристап до видеоснимките за надзор и се соочуваат со поголеми предизвици во обидот да ги следат драстично зголемените резерви на ураниум на Техеран, од кои дел се збогатени до 60 отсто чистота, што претставува краток технички чекор од нивото од 90 отсто што се користи во оружја.