Ученик, вооружен со два пиштола, вчера отворил оган и повредил еден ученик и еден наставник во средното училиште во Индијана , информираат американските медиуми.

Наставникот  Џејсон Симен од училиштето во Нобелсвил во американската држава Индијана, бил застрелан трипати кога го совладал ученикот на под и ги спасил неговите ученици. 

Ученикот Итан Стоунбрејкер изјави дека најверојатно ќе имало уште  ранети, ако еден наставник не го совладал напаѓач, кој го извадил пиштолот и отворил оган додека класот пишувал тест. 

– Нашиот наставник веднаш скокна врз него, го зеде пиштолот и го сруши на подот. Да не беше тој, сигурно ќе имаше уште повредени, вели Стоунбрејкер . 

Властите веруваат дека напаѓачот дејствувал сам, но не дадоа повеќе информации.