Маж во триесеттите години е напаѓачот од Одеса кој уби пет лица и повреди 21. Тој од претходно ѝ бил познат на полицијата, објавија властите.

Напаѓачот бил сопрен од полицијата во возилото. Тој ранил двајца полицајци и побегнал. При бегството го напуштил возилото, украл поштенско комбе и убил пет лица, неселективно пукајќи кон полицијата, возачите и минувачите.

Убиен е во престрелка со полицијата во Одеса и бил вооружан со пушка.

Властите велат дека не сакаат да шпекулираат за евентуалните мотиви за нападот.

Од лицата кои биле примени во локална болница едно починало, седум се животно загрозени, двајца се потешко повредени, а двајца пуштени.

Едно дете е префрлено во друга болница.