Лидерот на шпанската екстремно левичарска партија Подемос, Пабло Иглесијас, денеска соопшти дека сè уште се надева на владин договор со социјалистите во последен момент.

Без договор, неговата партија нема да го поддржи предлогот на социјалистичкиот лидер Педро Санчез да стане премиер, изјави Иглесијас за телевизијата „Ла Секста“.

Доколку владата не положи заклетва до 23 септември, ќе има парламентарни избори на 10 ноември.