Групата на најбогати демократии (Г7) ја сочинуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД. На следниот состанок закажан за идната година, Велика Британија, која ќе го организира настанот, планира да покани три други држави, како Австралија, Индија и Јужна Кореја. Иницијативата е дел од планот на британскиот премиер Борис Џонсон за потенцијално да формира поширока група на нации во обидот да се спречи подемот на Кина. Џонсон ќе отпатува во јануари во Индија, за да ја почне иницијативата.
Ваквиот развој на настаните ги отвора прашањата дали сегашните држави од Г7 навистина ги претставуваат економски најмоќните држави во светот. Инфографикот ги покажува осумте најголеми економии по удел во светскиот БДП меѓу 1980 и 2020 година. Оваа година, Кина има најголем удел од светскиот БДП, а веднаш зад неа се САД. Со оглед на неодамнешниот брз напредок, Индија се најде на третото место, пред Јапонија и Германија. Русија, која беше исфрлена од Г7 во 2014 година, поради анексијата на Крим, се наоѓа на шестото место. Индонезија на седмата позиција ја заокружува „вистинската“ Г7.