Илустрација: Атлантик

Летот 4978 на „Рајанер“ од Атина до Вилнус доби предупредување за бомба од авиоконтролата во Минск додека се движеше во белорускиот воздушен простор, како и препорака да слета. Набргу се појави белоруски воен авион кој ја нагласи препораката. Неколку минути подоцна авионот на „Рајанер“ слета во Минск, а белоруските власти уапсија двајца негови патници, белорускиот дисидент Роман Протасевич и неговата девојка Софија Сапега. Поголемиот дел од патниците го продолжи летот за Вилнус, пишува „Атлантик“.

– Предупредувањето за наводната бомба беше трик. Белорусија тврди дека Хамас преку мејл го информирал националниот аеродром во Минск оти „има намера да постави бомба на авионски лет“ доколку Европската Унија не се откаже од поддршката за Израел во војната во Газа“. Во мејлот било нагласено дека цел се учесниците на економскиот форум во Делфи, кој бил одржан една недела пред инцидентот во Белорусија. „Дејли бист“ известува и дека заканата за бомба била упатена 24 минути откако контролната кула во Минск го упатила предупредувањето до екипажот на „Рајанер“ – пишува „Атлантик“.

Се истакнува дека Белорусија веројатно го извела планот за слетување на авионот без да ги прекрши меѓународните прописи, како што е Чикашката конвенција, особено бидејќи била упатена само препорака за слетување, по што одлуката била донесена своеволно од пилотот.

Се стравува дека сега и други држави би можеле да користат слични тактики за принудно слетување на меѓународни летови за нивни цели.

– Тоа што им се случи на Протасевич и на неговата девојка ја урна илузијата, откривајќи дека норми, а не закони, досега ги спречуваа државите за принудно слетување на авионските летови – се заклучува во анализатата на „Атлантик“.