Министерството за одбрана на Израел во средата соопшти дека хакерите од група поддржана од Северна Кореја ги таргетирале локалните претставници на секторот за одбрана привлекувајќи ги со лажни профили на „Линкдин“, кои нудат профитабилни понуди за работа, во неуспешен обид за пристап до нивните мрежи.

Обидот за компјутерски напад од страна на меѓународната група „Лазар“, која е идентификувана од Министерството за финансии на САД како разузнавачка организација на режимот на Северна Кореја, бил спречен и не било дозволено нарушување на нивните мрежи.

– Членовите на групата користеа разни хакерски методи, вклучително и социјален инженеринг и лажно претставување – соопшти израелското Министерство за одбрана.

Хакерите таргетирале технолошки компании во одбранбената индустрија, со тоа што се претставувале како извршни директори и менаџери за човечки ресурси и ги мамеле со понуди за работа и други деловни можности во обид да добијат пристап до нивните компјутери и бази на податоци.

– Во процесот на испраќање на понудите за работа напаѓачите се обидоа да ги компромитираат компјутерите на овие вработени, да се инфилтрираат во нивните мрежи и да соберат чувствителни безбедносни информации. Напаѓачите се обиделе да ги користат и официјалните веб-страници на повеќе компании за да ги пробијат нивните системи. Директорот за безбедност за Секторот на одбраната ќе ја продолжи својата работа во спречување на обидите за наруѓување на мрежите на израелската одбранбена индустрија и сите обиди да им се наштети на технолошките способности и имотот на државата Израел – велат од Министерството.