Додека Германците со денови постојано зборуваат за здравствената состојба на германската канцеларка, Ангела Меркел, нејзината владејачка Христијанско-демократска Унија (ЦДУ), одбива да го направи тоа.

-Според ЦДУ како да немало три јавни напади на тресење на канцеларката, истакнува високотиражниот германски весник „Билд“.

Весникот ја обвинува ЦДУ за цензура и коментира дека нападите за тресењето на канцеларката се табу тема за партијата.

Поради нападите, Меркел во четвртокот го промени протоколот за време на посетата на колешката од Данска и седејќи ги слушаше химните на двете земји.

Во Германија се шпекулира дека нападите би можеле да бидат последица на психолошко оптоварување поради смртта на нејзината мајка која починала во април.

Меѓутоа, многумина веруваат дека се работи за болест и се загрижени за здравјето на канцеларката.