Вкупно 13 лица загинаа денеска при уривање на казахстански воен хеликоптер за време на воена вежба.

– Хеликоптер на Министерството за одбрана се урна во регионот Кизилорда. Екипажот на хеликоптерот загина. Наредив започнување истрага. Мое сочувство до семејствата на загинатите. За нив ќе биде обезбедена материјална помош- објави на Твитер казахстанскиот претседател Касим-Жомрат Токаев.

Казахстанското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот од типот Ми-8 се урнал за време на лет од градот Актау во западен Казахстан кон Шимкент на југоистокот на земјата.

Причините за падот на хеликоптерот засега не се познати.