Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас експресно го отфрли предлогот за враќање на Русија во групата седум најразвиени земји во светот (Г7), што неодамна го даде американскиот претседател Доналд Трамп.
– Причината за протерување на Русија беше нејзиното анектирање на Крим и интервенцијата во источна Украина. Сè додека немаме решение таму, јас не гледам никаква шанса Русија да се врати во Г7 – рече Мас во интервју за два германски весника, „Рајнише пост“ и „Бонер генерал – анцајгер“ – рече Мас.
Инаку, американскиот претседател Трамп во мај изјави дека е „разумно“ да се покани рускиот претседател Владимир Путин на проширен самит на Г7 затоа што земјите треба да разговараат со Русија и покрај нејзините политики на меѓународната сцена и нелегалното анексирање на Крим од Украина. Русија во минатото беше во групата, но беше избркана поради нејзината анексија на Крим од Украина во 2014 година.