Иако компанијата „Амазон“ се откажа од седиштето во Њујорк, нејзиниот шеф и најбогат човек во светот, Џеф Безос одлучи да се стационира токму таму, па на Менхетен купи три стана за 80 милиони долари.
Според „Блумберг“, трите стана заедно, односно пентхаус и два ката под него, имаат 12 спални соби и се протегаат на повеќе од 1.600 квадратни метри.
Трикатниот пентхаус има пет спални, шест бањи и посебен апартман од седум соби.
Според Блумберговиот индекс на милијардери, Безос тежи 108,3 милијарди долари, а пред една и пол година стана најбогат човек во светот.