Поранешниот вработен во Националната агенција за безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден, наскоро ќе поднесе барање за руско државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
– Тој ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање руско државјанство – рече Кучерена, пренесе ТАС.
Кон крајот на октомври, Сноуден доби неограничена дозвола за престој од руските власти.
Како службеник на Американската агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, во 2013 година објави строго доверливи податоци за методите на електронско набљудување применети од американската разузнавачка служба, вклучително и нелегално прислушување на странски лидери.