Обединетите Нации доделија околу 9,2 милиони долари за храна, здравствена нега и друга помош за жителите на Венецуела, што е прва таква помош за земјата откако се влоши политичката и економската криза за време на претседателот Николас Мадуро.
Средствата се одвоени од фондот за итна помош, а тоа е своевиден чекор напред затоа што за вакво вонредно финансирање на ОН им е потребно одобрение од владата на земјата на која и се доделува помошта.
Владата на Мадуро повеќе пати негираше дека на Венецуела и е потребна помош и за неповолната ситуација во која се наоѓа ги обвинуваше земјите кои ги смета за империјалистички, како што се САД и некои членки на ЕУ.