Ураганот Доријан се приближува кон САД откако мина покрај Порторико, односно британските и американските Девствени Острови.
Во меѓувреме, се зголемуваат прогнозите за неговиот раст. Така, вчера се очекуваше дека до ударот невремето ќе се засили во ураган од трета категорија, а денеска веќе се предвидува дека до ударот ќе прерасне во ураган од четврта категорија.
Се очекува невремето да го погоди брегот меѓу Флорида и Џорџија. Доколку го погоди брегот на Флорида како ураган од четврта категорија, тоа ќе биде најсилниот ураган на Флорида од 1992 година, кога оваа сојузна американска држава беше погодена од ураганот Ендрју, објави Си-ен-ен.
НАСА од вселената во живо го следи движењето на невремето.
Во моментот на ветрот му недостига брзина помала од 1 километар на час за Доријан да стане ураган од трета категорија.
Се очекува ударот на брегот да се случи во наредните 48 часа.
На Флорида е прогласена вонредна состојба и мобилизирани се 2.500 припадници на Националната гарда, а 1.500 се на готовс. Сè уште не е наредена евакуација, но тоа ќе се случи кога ќе се знае трасата по која ќе се движи невремето.
Вонредна состојба е прогласена и во 12 окрузи на соседна Џорџија.