Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, ја повика германската влада да ги прекине граничните контроли на границите со Луксембург и Франција што е можно поскоро.
– Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне шенген, тогаш паѓа и Европа на граѓаните. Шенген е најголемото достигнување на ЕУ – рече Аселборн во изјавата за германските медиуми.
Тој посочи дека граничните контроли насат само проблеми на Стариот Континент.