Заре Марковски еден од нашите најдобри кошаркарски стручњаци, кој последниве години живее и работи во Италија, повторно доби ангажман во еден италијански прволигаш. Станува збор за екипата на Естра Пистоја Баскет 2000, која во моментов е на 9 место со шест бодови во најсилната италинаска кошаркарска лига. Екипата досега има по три победи и порази.
Ова ќе биде нов ангажман за Марковски кој има долгогодишно искуство во светот на италијанската кошарка, откако дебитираше во 1991 година во Динамо Сасари (со кој ќе се сретне како прв противник како тренер на Пистоја) во лигата А2 каде остана три сезони. Во 1994 година тој дебитираше во А1 во Палаканестро Реџиана, а потоа се врати во Македонија каде беше тренер на репрезентацијата и се квалификуваше за Европското првенство 1999 година. Други искуства му се во Турција (Дарушафака) и Швајцарија (Лугано, каде што освои три шампионски титули) пред да се врати во Италија со Авелино (во две различни авантури играјќи и во Евролигата), Виртус Болоња, Олимпија Милано, Бјанкоблу Болоња, Пезаро, Венеција, Јуве Касерта, Скафати и Динамо Сасари. Тој ја водеше и репрезентацијата на Романија, како и други екипи во Турција и Франција, додека неодамна се приклучи на стручниот штаб на Академијата Варезе.