ФОРМУЛА 1

Формула 1 е подготвена за враќање во Мајами викендов (недела, 21.30 часот), а трката за титулата годинава се вжештува. Победите на Серхио Перез во спринтот и на главната трка во Азербејџан, возени минатата недела, повторно ја разгореа трката за освојување на трофејот во Формула 1, во пресрет на втората половина од првиот дел од календарот со трки во два викенда едноподруго.
Мексиканецот сега заостанува само шест бода зад тимскиот колега од Ред Бул, актуелниот првак Макс Ферстапен од Холандија, во шампионатот за возачи.
Трката во Мајами е првата од трите трки во САД сезонава и е 11-то различно место за гран при во САД и 77-то место каде што се одржува трка за Светскиот шампионат во Формула 1.
Лани првпат имаше Ф1-трка во Мајами, кога победи Ферстапен, кој го извози и најбрзиот круг.

ТАБЕЛА НА ВОЗАЧИ

Макс Ферстапен 93
Серхио Перез 87
Фернандо Алонсо 60
Луис Хамилтон 48
Карлос Саинц 34