Елмас, кој од досегашните 33 кола настапи на 32 меча, постигна шест гола (трет стрелец) и има три асистенции, е вториот македонски репрезентативец, по Пандев со Интер, што освојува титула во Италија. Наполи ги освои претходните две титули во 1987 и во 1990 година, во времето на аргентинската легенда Марадона

Наполи на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ја освои својата прва титула во италијанската Серија А по 33 години, вкупно трета, откако ремизира 1-1 со Удинезе на гости, со што сега на врвот на табелата има 16 бода предност на пет кола до крајот на сезоната.
Клубот од Неапол претходен пат ја освои титулата во 1987 и во 1990 година со екипа инспирирана од аргентинската легенда Диего Марадона, чие име сега го носи стадионот. Влијанието на Аргентинецот уште се чувствува во градот, неговото лице е насликано на прозорците на баровите, налепниците на браниците и билбордите, а џиновски мурал од него се издига над светилиштето посветено на него, пишува „Би-би-си“.
По тие славни денови, клубот падна во криза, играјќи во Серија Ц во 2006 година, пишува „Би-би-си“. Наполи, кој го освои Купот на Италија трипати во изминатите 11 сезони, сега има нова екипа на суперѕвезди, напаѓачот на Нигерија, Виктор Осимен, постигна 21 гол во 26 првенствени натпревари, крилниот напаѓач на Грузија, Квича Кварацхелија, придонесе со 12 гола и 10 асистенции… Елмас, кој од досегашните 33 кола настапи на 32 меча, постигна шест гола (трет стрелец) и има три асистенции, е вториот македонски репрезентативец, по Горан Пандев со Интер, што освојува титула во Италија.
Неапол се претвори во епска улична забава. Улиците беа исполнети со луѓе што пееја и играа, некои скокаа во фонтаните во знак на радост, други вееја огромни знамиња на Наполи возејќи се со нивните скутери, а не се забавуваа само локалните жители, откако луѓе од цела Италија и земји, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Велика Британија, патуваа во Неапол за да уживаат во спектаклот, пишува „Би-би-си“.
– Да ги видите среќни наполитанците е доволно за да ви даде тоа чувство на радост што тие ја чувствуваат. Се чувствувате малку поопуштено знаејќи дека сте им го подариле овој момент на среќа – изјави тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, кој на 64-годишна возраст станува највозрасниот тренер што ја освоил Серија А (има и два триумфа во Купот на Италија со Рома).Наполи на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ја освои својата прва титула во италијанската Серија А по 33 години, вкупно трета, откако ремизира 1-1 со Удинезе на гости, со што сега на врвот на табелата има 16 бода предност на пет кола до крајот на сезоната.
Клубот од Неапол претходен пат ја освои титулата во 1987 и во 1990 година со екипа инспирирана од аргентинската легенда Диего Марадона, чие име сега го носи стадионот. Влијанието на Аргентинецот уште се чувствува во градот, неговото лице е насликано на прозорците на баровите, налепниците на браниците и билбордите, а џиновски мурал од него се издига над светилиштето посветено на него, пишува „Би-би-си“.
По тие славни денови, клубот падна во криза, играјќи во Серија Ц во 2006 година, пишува „Би-би-си“. Наполи, кој го освои Купот на Италија трипати во изминатите 11 сезони, сега има нова екипа на суперѕвезди, напаѓачот на Нигерија, Виктор Осимен, постигна 21 гол во 26 првенствени натпревари, крилниот напаѓач на Грузија, Квича Кварацхелија, придонесе со 12 гола и 10 асистенции… Елмас, кој од досегашните 33 кола настапи на 32 меча, постигна шест гола (трет стрелец) и има три асистенции, е вториот македонски репрезентативец, по Горан Пандев со Интер, што освојува титула во Италија.
Неапол се претвори во епска улична забава. Улиците беа исполнети со луѓе што пееја и играа, некои скокаа во фонтаните во знак на радост, други вееја огромни знамиња на Наполи возејќи се со нивните скутери, а не се забавуваа само локалните жители, откако луѓе од цела Италија и земји, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Велика Британија, патуваа во Неапол за да уживаат во спектаклот, пишува „Би-би-си“.
– Да ги видите среќни наполитанците е доволно за да ви даде тоа чувство на радост што тие ја чувствуваат. Се чувствувате малку поопуштено знаејќи дека сте им го подариле овој момент на среќа – изјави тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, кој на 64-годишна возраст станува највозрасниот тренер што ја освоил Серија А (има и два триумфа во Купот на Италија со Рома). Н.М.