Фото: ЕПА

АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Гранпри-трката Ла Парва во Чиле ги собра некои од најдобрите светски скијачи на легендарната патека за брзини, обезбедувајќи спектакуларни услови за брзина на високо ниво во алпско скијање, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). Брзини од над 130 км/ч., скокови од 30 метри, остри свиоци и многу возбуда имаше за време на овие трки, кои важеа за Купот на Јужна Америка, пишува ФИС, во пресрет на новата сезона во Светскиот куп (СК). Чилеанскиот скијач Хенрик фон Апен имаше извонредни перформанси, искористувајќи го максимумот од своето знаење на патеката и обезбедувајќи победа и второ место на трките во спуст. Словенецот Нејц Наралочник победи во еден спуст, а неговиот тимски колега Мартин Катер имаше две трети места. Австрискиот скијач од СК, Кристијан Валдер, еднаш беше втор. Во женска конкуренција славеа скијачки од Канада и од Франција, Брит Ричардосон, односно Лена Дофин, а подиумите ги комплетираа француската скијачка Тифани Ру и Австралијката Грета Смол. Н.М.