КОШАРКА – НБА-ЛИГА
Екипата на Мајами го совлада Чикаго со 109-90 во квалификациите за влез во плејофот на Источната конференција во кошаркарската НБА-лига и денеска Мајами и Атланта ќе играат за место во првото коло на плејофот, во кое победникот ќе се сретне со Кливленд. Победа забележа и Далас на средбата со Сакраменто со 120-106 во Западната конференција. Далас денеска ќе игра со Мемфис за пласман во плејофот во кој ќе игра против Оклахома. Од квалификациите претходно пласман во плејофот обезбедија и Орландо (Источна конференција, ќе игра со Бостон) и Голден стејт (Западна конференција, ќе се сретне со Хјустон). Други двојки во првото коло се Индијана – Милвоки, Њујорк – Детроит, Денвер – Лос Анџелес клиперс, Лос Анџелес лејкерс – Минесота. Г.И.