Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди од Куманово, во чест на одбележувањето на 3 декември, меѓународниот Ден на лицата со инвалидитет, одржа меѓународен турнир во пинг-понг со учество на 18 натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Бугарија и од Македонија, со финансиска поддршка од Општинскиот сојуз на спортови од Куманово и националната федерација Спорт за сите, како и со техничка поддршка од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово, која отстапи простор за игра, и понгпонгарскиот клуб Куманово (кој стручно го спроведе турнирот под раководство на тренерот Мики Трендафиловски).
Во категоријата мажи, класа 6-8, првото место го освои Урош Гугољ од Црна Гора, второто Јордан Митев од Бугарија и третото Рубинчо Ристески од Македонија. Во категоријата мажи, класи 9-10, победи Дејан Башановиќ од Црна Гора, втор беше Дарио Стошиќ од Србија, а трет неговиот сонародник Небојша Стојановиќ.
Настанот се спроведе во фер и коректна игра, а заврши со заеднички ручек и дружење на учесниците, нивните асистенти, тренери и организатори во Куманово. Благодарност до спонзорите и донаторите на овој величествен настан, кој придонесува за инклузија на лицата со инвалидитет во општеството преку спорт, изрази Македонскиот параолимписки комитет. Г.И.