КОЊИЧКИ СПОРТ
На теренот на скопскиот коњички клуб Анималс од Скопје во населбата Дрма, денеска, од 10 часот, ќе одржи „Мајски коњички турнир“ и првото коло (од предвидените три) од Отворено првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава. На програмата се три натпревари, и тоа во категориите А, М и во ЛМ, со избор на слободна програма и музика во времетраење од 3-4 минути. Утре, пак, со почеток во 9.30 часот ќе се одржи, „Мајски коњички турнир“, како и првото коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за 2022 година, на теренот на КК Бравадос, кој се наоѓа во Волково. На програмата се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0,60 до 1,15 метар.