Фото: Фејсбук/Македонска таеквондо федерација

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ од светската серија Г2. Од Македонската таеквондо федерација информираа дека Дејан нема да може да се бори во полуфиналето поради повреда.

– Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница. Теквондо е контактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно. Соколот денес се крена високо, ќе остане таму до следниот предизвик за две недели во Белгија – објавија од федерацијата.