ОДБОЈКА – КУП НА МАКЕДОНИЈА

ГОК Борец и Струмица Никоб ќе играат во денешното машко финале во Купот на Македонија (13 ч.) во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш. Велешани во полуфиналето ја совладаа Шкендија со 3-1 (14-25, 25-19, 25-17, 25-19), а бранителот на трофејот Струмица Никоб победи на мечот со Универзитет во Тетово со 3-0 (25-19, 25-11, 25-23). Вчера во Радовиш беа закажани и полуфиналните дуели во женска конкуренција, Јанта волеј – Работнички и Наковски волеј – Вардар, а финалниот дуел ќе се игра денеска (16 ч.). Трофејот го брани Работнички. Преносите на овие натпревари можат да се следат на МТВ-3.Струмица Никоб и ГОК Борец во финалето