ИМ Оливија Киолбаса

ПОЕДИНЕЧНО ЕП ЗА ШАХИСТКИ

Македонските шахистки Моника Жежовска (1.761, рангирана 126-та пред почетокот на турнирот) и Катерина Петровска (1.907, 117-та) вторпат ремизираа, а Ивана Манова (1.923, 115-та) го претрпи третиот пораз во шестото коло (се играат вкупно 11) на 23. поединечно Европско првенство (ЕП) во Петровац (Црна Гора) со 136 шахистки од 35 држави. Жежовска со бели фигури го подели поенот по 64-от потег со Украинката Тамила Машченко (1.956, 111-та), Петровска со бели фигури ремизира во 30-от потег со Црногорката Тара Ивановиќ (1.472, 134-та), а Манова со црни фигури загуби во 43-от потег од ЖИМ од Хрватска, Ана Берке (2.107, 92.). По шестото коло, Жежовска е 114-та со два поена, Манова е 123-та со 1,5 поен, а Петровска е на 131-то место со еден поен. Жежовска има и најмногу новоосвоени рејтинг-поени, 50,8. Во водство со 5,5 поени е ИМ од Полска, Оливија Киолбаса (2.406, 15-та), која го доби дербито на првата табла (по 60 потези) против дотогаш водечката Романка, ИМ Ирина Булмага (2.438). Со по пет поени следуваат актуелната шампионка Моника Сочко од Полска (2.432) и ИМ од Естонија Маи Нарва (2.389). Г.И.