ФОРМУЛА 1 – ГН НА МОНАКО

Формула 1 (Ф1) се враќа викендов со трката за големата награда (ГН) на Монако, една од најпрестижните и најпознати трки во календарот, пишува Ф1. Вчера беа тренинзите, денеска се квалификациите, а трката е утре (15 часот).
Трката во Монако е една од седумте од првата сезона на Светското првенство во Формула 1 во 1950 година. Утре на програмата е 74-то издание на трката во Монте Карло.
На оваа престижна трка во претходните пет изданија имаше пет различни победници, и тоа лани Серхио Перез, една година пред тоа Макс Ферстапен, во 2019 година победи Луис Хамилтон, во 2018-та славеше Даниел Рикиардо, а во 2017 година триумфира Себастијан Фетел. Најмногу победи оствари Аиртон Сена, шест, по пет имаат Греам Хил и Михаел Шумахер, четири забележа Ален Прост, а од активните возачи повеќе од еднаш победија Хамилтон (трипати) и Фернандо Алонсо (двапати).
По пет трки сезонава води Ферстапен со 119 бода, а потоа се Перез со 105, Алонсо со 75, Хамилтон со 56, Карлос Саинс со 44 бода итн. Н.М.