Фото: ЕПА

Секогаш има притисок, но тоа е нешто добро. Треба да го сфатите на добар начин. Тоа е привилегија, бидејќи нема толку многу играчи што имаат ваков притисок. На друг начин, кога има притисок, тоа значи дека луѓето веруваат дека навистина можам да го направам тоа. Мислам дека притисокот е привилегија, да бидам искрен, рече Синер, пренесе АТП

ТЕНИС

Уште од моментот кога се појави на сцената како 17-годишен, со признанието за најдобар дебитант на годината во 2019 година, за Јаник Синер се претпоставуваше успех на гранслем-турнирите, пишува Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Синер во неделата ја освои титулата на Австралија опен, негов прв гранслем-трофеј, со победата во финалето на дуелот со Данил Медведев со 3-2 во сетови.
– Секогаш има притисок, но притисокот е нешто добро – рече Синер на својата прес-конференција по финалето, каде што беше прашан за тоа како се справува со очекувањата досега во неговата кариера.
– Треба да го сфатите на добар начин. Тоа е привилегија, бидејќи нема толку многу играчи што имаат ваков притисок. На друг начин, кога има притисок, тоа значи дека луѓето веруваат дека навистина можам да го направам тоа. Сакам да танцувам во бура од притисок. Мене лично ми се допаѓа, бидејќи најчесто таму го играм мојот најдобар тенис. Секогаш се трудам да уживам на теренот. Мислам дека притисокот е привилегија, да бидам искрен – рече Синер, пренесе АТП.
Освојувањето на неговиот прв гранслем-трофеј доаѓа по шест успешни месеци за Синер, кој ја освои својата прва титула на АТП-турнирите од серијата мастерс 1.000 во Торонто во август, потоа славеше на турнирите АТП 500 во Пекинг и во Виена во октомври, пред да игра во мечот за трофејот на АТП-финалето во ноември, пишува АТП. Н.М.