Втор е клубот Сеишн од Прилеп, а трет Дрим од Струга

ЏУДО – ЕКИПНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ

Џудо-клубот Ипон од Скопје го освои првото место на екипното сениорско првенство на Македонија, кое во организација на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) и техничка организација на клубот Сеишин се одржа во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп. На првенството настапија екипите на Сеишн (Прилеп), Дрим (Струга), Ипон (Скопје), Кожувчанка (Кавадарци) и Работнички (Скопје).
Ипон дојде до првото место и златниот медал забележувајќи четири победи и еден пораз, второпласираниот Сеишн оствари три победи и два пораза, а третопласираниот Дрим, во директен дуел за оваа позиција, го совлада Работнички во последното коло.
По екипното првенство се одржа Државното првенство за ветерани, на кое златни медали освоија 14 натпреварувачи: Киро Здравески (М9/до 66 кг), Маке Спиркоски (М9/до 81 кг), Миодраг Стојановиќ (М6/до 90 кг), Методија Ангелов (М6/до 100 кг), Ромео Рајков (М5/до 100 кг), Горан Мицкоски (М4/до 100 кг), Сашо Димоски (М5/до 73 кг), Мартин Ристески (М4/над 100 кг), Дејан Стојановиќ (М5/до 66 кг), Златко Кочески (М3/до 100 кг), Никола Божиновски (М2/до 81 кг), Јове Божиноски (М2/над 100 кг), Дарко Јошески (М3/над 100 кг) и Јованка Лазарова (Ф2/ до 70 кг). Г.И.