ПЛИВАЊЕ – ЕП ВО РИМ
Давид Поповичи, 17-годишен романски тинејџер и пливачка сензација, го освои златниот медал и на 200 метри слободно на Европското првенство (ЕП) во пливање во Рим, со третото најбрзо време во историјата на оваа дисциплина, 1:42,97 минути. Светски рекордер во оваа дисциплина е Германецот Паул Бидерман (1:42,00 минути), кој го постави рекордот на Светското првенство (СП) 2009 година, исто така во главниот град на Италија. Второто најбрзо време на 200 метри е на Американецот Мајкл Фелпс (1:42,96) на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2008 во Пекинг.
Во саботата, Поповичи победи и во трката на 100 метри слободно со време на нов светски рекорд (46,86 секунди). Тој освои два златни медала на 100 и на 200 метри слободно и на СП во Будимпешта, во јуни.
– Одлично време во напорната трка. Испливав под 1:43 минути, што е одлично време. Сега малку ќе се опуштам и ќе се подготвувам за квалификациската трка на 400 метри – задоволно изјави Поповичи.
Домашната миленичка Симона Квадарела на златото на 800 метри слободно го до додаде и тоа на 1.500 метри (15:54,15 минути). Л.Д.