Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ПО 10. ЕТАПА НА ТУР ДЕ ФРАНС

  • Одамна ја имавме за цел оваа етапа. Пред две години, Јонас ме победи на спринтот. Денес беше слично, нозете до финишот ми беа целосно уништени, но да, уживав во денот, рече четирикратниот победник на Тур де Франс, Погачар

Словенецот Тадеј Погачар го зголеми своето водство во генералниот пласман на повеќе од три минути, откако се одвои во својата трета етапна победа на годинашната велосипедска грантур-трка Тур де Франс.
По денот за одмор во понеделникот, 10. етапата му понуди на најблискиот ривал Јонас Вингегор шанса да ја намали разликата во Ле Лиоран, каде што го победи Погачар во спринт до целта во 2024 година.
Но Погачар отиде сам на 15 километри пред крајот на етапата и ја помина целта со 32 секунди пред Ремко Евенепул. Вингегор помина 44 секунди по Погачар на седмото место, што значи дека бранителот на титулата на Тур де Франс сега во генералниот пласман води пред Данецот со три минути и 36 секунди предност.
– Одамна ја имавме за цел оваа етапа. Пред две години, Јонас ме победи на спринтот. Денес беше слично, нозете до финишот ми беа целосно уништени, но да, уживав во денот – рече четирикратниот победник на Тур де Франс, Погачар, кому ова му беше вкупно 23-та етапна победа на оваа грантур-трка, пренесе „Би-би-си“. Г.И.