Фото: ЕПА

ФОРМУЛА 1 – ВИКЕНДОВ ТРКА ВО ЛАС ВЕГАС

Најбрзиот натпреварувачки карван, Формула 1, викендов ќе се вози по улиците на Лас Вегас во државата Невада (САД) и ќе биде прв по оној за големата награда на Јужна Африка, одржан во 1985 година, што ќе се вози во сабота. Ова не е прво гран-при што се одржува во Лас Вегас, откако имаше трки во 1981 и 1982 година, пишува „Би-би-си“.
Ова ќе биде и гранпри-трка што ќе се одржи на најниска температура, се очекува таа да биде околу 12 степени кога е предвидено да почне натпреварувањето.
– Неверојатно е да се биде овде. Возбудливо е, толку неверојатно место, толку многу светла, одлична енергија – вели меѓу другото Луис Хамилтон, пренесе „Би-би-си“.
Трката ќе се одржи на патека долга 6,2 км низ улиците на Лас Вегас. Градот очекува по 105.000 гледачи во секој од трите дена на патеката, пишува „Би-би-си“. Програмата во Лас Вегас почнa во средата со свеченото отворање, вчера беше предвиден првиот тренинг, а самата трка е закажана за сабота од 22 часот по локално време, односно од седум часот наутро в недела, по средноевропско време. Г.И.